Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 58

58
Казна за лажна светост
1 # Ез 23,36; Ос 8,1; Мих 3,8 Викај со сиот глас, не воздржувај се; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов – гревовите негови. 2#42,1; 55,6; Пс 73,28Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, како народ, кој божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог, сакаат да се приближат до Бога: 3#3 Мојс 23,27; 4 Мојс 29,7; Зах 7,5; Мал 3,14; Пс 35,13; Мт 6,17-18„Зошто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш?“ – Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и други угнетувате. 4#1,15; 2 Мојс 21,18Ете, вие постите за караници и рас­правии и за да ги биете со рака сиромасите; со таков пост со каков што постите денес, гласот ваш нема да биде чуен во висините. 5#Ер 6,26; Мт 6,16; 11,21Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господ? 6#1,11; Ер 34,8-9; 42,3; Амос 5,21; Мт; 25,34-40; Лк 4,18Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; 7#5 Мојс 22,1; Ез 18,5-9; Јов; 31,19-20; Мт; 25,35-36раздели го лебот свој со гладните, и бездомните сиромаси закрили ги во до­мот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од крвните сродници не криј се. 8#52,12; 60,1; Ер 30,17; Пс 85,13Тогаш твојата светлина ќе светне како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те при­дружува. 9#30,19; 52,6; 65,1.24; Пс 91,15Тогаш ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Тој ќе рече: „Еве Ме.“ Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо, 10#Пс 37,6; 112,4; Јов 11,17; Мт 5,14; Јн 8,12кога ќе ја поделиш со гладниот хра­ната своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, – тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне; 11#66,14; Ер 31,12; Јн 4,14и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат. 12#61,4; Неем 3Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби. 13#56,1-8; 2 Мојс 31,15; Ер 17,24; Ез 20,12-24Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на своите грешни желби и да празнословуваш, – 14#1,20; 40,5; 5 Мојс 32,12-13; Амос 4,13; Пс 37,4; Јов 22,26тогаш ќе имаш радост во Господ, а Јас ќе те искачам на височини земни и ќе ти дадам да вкусиш од наследството на Јаков, твојот татко: устата на Господ го изрече тоа.

Селектирано:

Исаија 58: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност