Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 55

55
Божјата покана
1 # 52,3; 5 Мојс 8,3; Ер 2,13; Мт 5,6; Јн 4,1; Откр 21,6; 22,17 Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои не­мате пари, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без пари и без плаќање. 2#5 Мојс 8,3; Пс 36,8-9; Изреки 9,3-6; Јн 6,27.35Зошто да трошите пари за она, што не е леб, и заработката своја – за она, што не наситува? Послушајте Ме внимателно и јадете што е добро, и душата ваша нека се слади со сочни јадења. 3#61,8; 5 Мојс 8,1; Ер 32,40; Ез 16,60; Дела 13,34Приклонете го увото и дојдете при Мене; послушајте, и душата ваша ќе биде жива, – ќе склопам со вас вечен завет, неизменливи милости, ветени на Давид. 4#Откр 1,5Ете, Него го дадов сведок за народите, водач и заповедник на народите. 5#2,2-4; 49,7; 52,15; Пс 18,23Ете, ти ќе повикаш народ, што не си го познавал, и народите, кои не те по­знавале, ќе побрзаат кон тебе, заради Господа, твојот Бог, заради Светецот Израелов, зашто Тој те прослави.
Моќта на Божјите зборови
6 # 65,1; 5 Мојс 4,7; Ер 29,12-14; Ос 5,6; Пс 145,18 Барајте го Господа, додека можете да Го најдете; викајте Го додека е близу. 7#Ер 18,11; 2 Лет 7,14; Зах 1,3; Лк; 15,20-21Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрати кон Господ, нашиот Бог, – и Тој ќе го помилува, зашто е многу ми­лостив. 8#Ер 29,8-11Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. 9#Пс 92,5; 103,11-12; Рим 11,33Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли. 10#5 Мојс 32,2; Пс; 104,13-15; 2 Кор 9,10Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб за да јаде, 11#53,10; Ез 12,25; Амос 8,11; Зах 1,5-6; Пс 33,9; Јн 1,1; 19,30така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас.
Божјиот народ ќе слави
12 # 44,23; 49,13; Пс 105,43 И така, вие ќе излезете во веселба и ќе бидете испратени со мир; горите и ридовите ќе пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ќе ракоплескаат. 13#41,19; 44,3-4; 1 Мојс 3,18; Ер 32,20-21Место трн ќе израсне кипарис; мес­то коприва ќе израсне мирта; и тоа ќе биде за слава на Господ, за вечен знак, неразрушив.

Селектирано:

Исаија 55: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се