Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 47

47
Паѓањето на Вавилон
1 # 13,19; 48,14.20; Ер 48,18; Плач 1,1 Слези и седни во прав, о, девице, ќерко вавилонска; седни на зем­ја: престол нема, ќерко халдејска, и во иднина нема да те нарекуваат нежна и милолика. 2Земи млин и мели брашно; симни го превезот, засукај ракави, разголи ги но­зете, гази преку река: 3#64,4; Ер 13,22.26; Ос 2,5; Плач 1,8твојата голотија ќе се открие, и ќе се види твојата срамотија. Ќе се одмаздам и никој нема од тоа да Ме одврати. 4#41,14; 43,3; 44,6; 49,26; 51,15; Ер 50,34Нашиот Избавител – името Му е Јахве Саваот – Светецот Израелов. 5Седи молкум и прибери се во темнината, ќерко халдејска, зашто во иднина нема да те нарекуваат господарка на царствата. 6#10,6; 42,24; 43,28; 54,8-9; 5 Мојс 4,20; Зах 1,15; Плач 2,21Јас се разгневив на Својот народ, и го предадов наследството Свое, што го оскверни ти, во твои раце; а ти не им покажа милост, на старците им го стави најтешкото твое иго. 7#42,25; 5 Мојс 32,28-29; Плач 1,9И си велеше: „Вечно ќе бидам господарка“, и на ум не го ставаше ова, не по­мислуваше што ќе стане потоа. 8#45,6; Соф 2,15; Откр 18,7Но сега ислушај го ова, ти, развратнице, која живееш безгрижно, која се­диш и велиш во срцето: „Јас сум, и нема друга како мене: нема да останам вдо­вица, ниту ќе осиромашам.“ 9#51,19; 54,1-6; Откр 18,23Но ненадејно, во еден ден, ќе те снај­де и едното и другото – загубата на де­цата и вдовството; во полна мера ќе те снајдат тие, при сето множество на твоите баења и големата сила на твоите маѓии. 10#Ез 8,12; Пс 10,11; 94,7Зашто ти се надеваше на своето лукавство и велеше: „Никој не ме гле­да.“ Твојата мудрост и твоето знаење – тие те заведоа од патот, а ти си велеше во срцето свое: „Јас – и никој друг!“ 11Ќе дојде на тебе зло: нема да знаеш, од каде доаѓа тоа; ќе те снајде беда, која не ќе можеш да ја отфрлиш; и ненадејно ќе те стигне погибел, за која и не мислиш. 12#8,19; 44,9; Откр 18,23Стој си, пак, со твоите маѓии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби – ќе си помог­неш, можеби – страв ќе предизвикаш. 13Ти си уморна од многу совети; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажу­вачите по новомесечијата, нека те спа­сат од она, што треба да ти се случи. 14#5,24; 44,16; 2 Мојс 15,7; Наум 1,10; Мал 3,19Ете, тие се како слама: оган ќе ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него. 15#45,20Такви ќе бидат оние, со кои соработуваше, со кои си тргувала од млади години. Секој талка по својот пат; никој не ќе може да те спаси.

Селектирано:

Исаија 47: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност