Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 42

42
Слугата Божји во Својата благост е светлина за идолопоклониците и водач на заслепениот народ
1 # 11,2; Мт 3,16; 12,18-21; 17,5; Лк 23,35; Јн 1,32-34; 17,5 Еве го Мојот Слуга, Кого Го поддржувам, Мојот Избраник, љубимецот на душата Моја. Ќе Го по­ложам Духот Свој врз Него, и Тој ќе им донесе правда на народите; 2нема да викне, ниту да го подигне гласот Свој, нема да дозволи да го чујат на улиците; 3#61,3; Јн 8,45; 14,16скршената трска нема да ја здроби, и чадливата ламба нема да ја угасне; ќе суди според вистината; 4#51,5; 60,9нема да ослабне, ниту ќе изнемошти, додека на земјата не воспостави правда, народите ќе се надеваат на Неговиот закон. 5#44,24; Зах 12,1; Пс 89,8Така вели Господ Бог, Кој ги создал небесата и нивното пространство, Кој ја раширил земјата со нејзините производи, Кој му дава здив на народот што е на неа, и дух на оние што одат по неа. 6#45,13; 49,6-8; Мт 26,28; Лк 2,32; Јн 8,12Јас, Господ, Те повикав во правда, цврсто ќе Те држам за рака и ќе Те пазам, ќе те поставам за завет на народот, светлина за незнабошците, 7#35,5; Пс; 107,10-14; Лк 1,79; Јн 8,32; Дела 26,18за да им ги отвориш очите на сле­пите, да ги изведеш врзаните од затвор и оние што седат во темнина – од тем­нината. 8#48,11; Пс 83,18Јас сум Јахве, тоа е Моето име, и не­ма да ја дадам славата Своја на друг, ни­ту честа Своја на идоли. 9#43,19; 46,10; 48,5-6Ете, претскажаното порано се збидна, и ново ќе ви објавам; пред да стане тоа, Јас ќе ви го објавам.
Славете Го Господа
10 # Ер 2,10; Пс 96,1; 107,23; Откр 5,9 Пејте Му на Господ нова песна, по­хвала за Него од земните краишта, вие што пловите по море, и сѐ што го пол­ни, островите и оние што живеат на нив. 11#2 Цар 14,7Нека издигне глас пустината и нејзините градови, населбите, каде што живеат Кедарци; нека ликуваат оние што живеат во Сала, нека воскликнуваат од врвовите планински. 12#Ис.Н. 7,19; Соф 2,11; Пс 66,2Нека Му оддадат слава на Господ, похвалата Негова нека ја разгласат по островите. 13#31,4; 2 Мојс 15,3; 4 Мојс 10,35; Суд 5,4-5; Соф; 1,14-15; Пс 68,7Господ ќе излезе како јунак, рев­носта ќе ја побуди како војник; ќе извика и ќе подигне војнички вик; ќе се по­каже силен против непријателите Свои.
Господ ќе му помогне на Својот народ
14 # 57,11 Долго молчев Јас, трпев и се воз­држував; сега ќе викам како родилка, ќе се забревтам и ќе голтам сѐ. 15#19,5; 44,27; 50,2; Пс 107,33Ќе опустошувам планини и ридови, и сета нивна трева ќе ја исушам; реките ќе ги направам острови, езерата ќе ги исушам. 16#40,4; 42,19; 2 Мојс 13,21-22Ќе ги поведам слепите по пат, што тие не го знаат, ќе ги водам по нејзини патеки, темнината ќе ја претворам во светлина пред нив, а кривите патеки – прави: ете, што ќе направам Јас за нив, и нема да ги оставам. 17#1,29; 44,11.17; 45,16Тогаш ќе отстапам и со голем срам ќе се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови.
Непослушен народ
18 # 6,9-10; 43,8 Слушајте, глуви, и гледајте, слепи, за да видите. 19#41,8; Мт 13,9-15Кој е толку слеп како што е Мојот слуга, и глув, како што е Мојот пра­теник? Кој е толку слеп како што е возљубениот, кој е така глув, како што е слугата Господов? 20#6,9; 44,18Ти си видел многу, но не си забе­лежувал; ушите ти биле отворени, но не си слушал. 21#5 Мојс 4,1-8На Господ Му било угодно заради правдата Своја да го возвеличи и про­слави законот Свој. 22#5,29Но тоа е народ поробен и разгра­бен; сите тие се врзани во подземја и со­криени во темници; станале плен, и не­ма спасител, ограбени се, и никој не вели: врати го! 23#5 Мојс 32,29Кој од вас пројавил слух за тоа, кој внимава и слуша за иднината? 24#2 Мојс 9,27; 2,5Кој го предаде Јаков на разурнување и Израел – на грабачи? Не е ли тоа Господ, против Кого згрешивме, по Чии патишта не сакавме да одиме и Чиј закон не го слушавме? 25#9,17-18; Амос 4,6; Плач 2,3А Тој ја излеа врз нив јароста на Својот гнев и стравотиите на војната: Ти ги опкружи со пламен од сите стра­ни, но тие не забележуваа; ги изгоре, но тие ни тоа не го сфатија сериозно.

Селектирано:

Исаија 42: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се