Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 40:18-31

Исаија 40:18-31 MK2006

И така, со кого ќе Го споредите Бога, и каква подобност ќе Му најдете? Уметникот го излева идолот, а зла­тарот го покрива со злато и му додава сребрени веришки. А кој е сиромав и нема што да му принесе, тој избира дрво, кое не гние, па бара искусен уметник за да направи идол, што ќе стои неподвижен. Зар не знаете? Зар не сте слушале? Зар не ви е зборувано во почетокот? Зар не сте го разбрале тоа од основањето на земјата? Тој е Оној, Кој седи над кругот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Тој ги распослал небесата како тенко платно и ги распнал како шатор за живеење. Тој ги претвора кнезовите во ниш­то, судиите земни ги прави да бидат ништожни. Одвај посадени, одвај посеани, одвај се закоренил во земјата стракот нивни, штом Тој ќе дувне врз нив, тие се ису­шуваат; виорот ги однесува како плева. „Со кого ќе Ме изедначите и со кого ќе Ме споредите?“ – вели Свете­цот. Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Тој сите нив ги нарекува по име: поради големата моќ и големата сила во Него ништо не недостига. А како говориш ти, Јакове, и ве­лиш, Израеле: „Патот ми е сокриен од Господ, делото мое е заборавено пред мојот Бог?“ Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Бог, Кој ги создал краиш­тата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е не­испитлив. Тој му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот. Се уморуваат и момчињата и осла­буваат, и млади луѓе паѓаат, а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.