Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 37:14-35

Исаија 37:14-35 MK2006

И го зеде Езекија писмото од ра­цете на пратениците и го прочита, па отиде Езекија во домот Господов и го отвори пред лицето Господово; потоа се помоли Езекија пред лицето на Господ и рече: „Господи Саваоте, Боже Израелов, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сена­хирим, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог. Навистина, Господи, асирските ца­реви ги опустошија сите краишта и земјите нивни. Тие ги изнафрлаа во оган боговите нивни; но тоа не беа богови, туку изра­ботки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија. И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од раката негова: тогаш ќе дознаат сите земни царства дека Ти, Господи, си единствен Бог.“ И испрати Исаија, синот на Амоц, до Езекија да кажат: вака вели Господ, Бог Израелов: „За она што ти Ми се молеше против Сенахирим, царот асирски, ра­цете еве го словото што Господ го изрече за него: ќе те презре, ќе ти се потсмее девицата, ќерката Сионова, ќе ја заниша главата по тебе ќерката ерусалимска. Кого ти прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо очите свои? Против Светецот Израелов. Преку слугите свои ти Го прекоруваше Господа, велејќи: ‚Со множеството мои коли се искачив на врвот од планините, врз ребрата на Ливан, ги исеков високите негови кедри, убавите негови кипариси, и стигнав до самиот врв негов, и до горичката негова; и ископав и пиев вода; и со стапките на нозете свои ги исушив сите реки египетски.‘ Зар не си чул дека Јас одамна го направив тоа, во стари дни го преднацртав, а сега го исполнив со тоа, што ти ги опустошуваш силните градови, претворајќи ги во купишта урнатини? Жителите нивни изнемоштеа; тре­перат и остануваат во срам; станале како трева по полето и нежно тревно растение, како тревки по покривите, свенати уште пред да пораснат. Ќе седнеш ли, ќе излезеш ли, или ќе влезеш – Јас знам сѐ, ја знам и дрскоста твоја против Мене. За твојата дрскост против Мене и за тоа дека твојата надуеност дојде до ушите Мои, ќе ја ставам алката Своја во ноздрите твои и уздата Своја – во устата твоја; ќе те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол. И еве ти знак, Езекија: јадете го оваа година израснатото од паднатото зрно, а во другата година – самоизраснатото; на третата, пак, година, сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги плодо­вите нивни. Зашто преживеаните во домот Јудин, тие што ќе останат, пак ќе пуштат корен долу и ќе дадат плод горе, зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и од градот Сион – спасението. Тоа ќе го изврши ревноста на Господ Саваот.“ Поради тоа, вака вели Господ за асирскиот цар: „Нема да влезе тој во овој град, ниту ќе фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ќе ископа опкоп околу него; по кој пат дошол, по истиот и ќе се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ. Јас ќе го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и поради Мојот слуга Давид.“