Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 37

37
Езекија бара совет од Исаија
(2 Цар 19,1-13)
1 # 1 Мојс 37,34; 2 Цар 19,1-7; Ер 36,24 Штом го чу тоа царот Езекија, ја раскина својата облека и се по­к­ри со вреќиште, па отиде во домот Господов; 2#2 Цар 22,11-14ги повика началникот на дворецот Елијаким, и писарот Севна, и стареши­ните на свештениците, покриени со вреќишта кај пророкот Исаија, син Амоцов. 3#22,5; 26,18; 33,18; Ос 13,13И тие му рекоа: „Вака вели Езекија: овој ден е ден на жалост, казна и срам, зашто новороденчињата дојдоа до отворот на мајчината утроба, но сила нема за раѓање. 4#4,3; 36,18-20; 1 Сам 7,8; Ер 42,2Можеби, Господ, твојот Бог, ќе ги чуе зборовите на Рапсак, кого асирски­от цар, негов господар, го прати да Го навредува живиот Бог и да се подбива со зборовите, кои ги чу Господ, твојот Бог; затоа принеси молитва за оние, што се уште живи.“ 5И отидоа слугите на царот Езекија кај Исаија. 6#7,4; 10,24; 41,10-14; 51,7И им рече Исаија: „Вака кажете му на вашиот господар: вака вели Господ: не плаши се од зборовите што ги чу, со кои Ме навредуваат слугите на асир­скиот цар. 7#31,8; 2 Цар 19,37Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го погубам со меч во неговата земја.“ 8#2 Цар 19,8-9Тогаш Рапсак се врати и најде дека асирскиот цар војува против Ливна; зашто беше чул дека господарот негов се повлекол од Лакиш. 9#36,6; 2 Цар 19,9-19И тој чу за Тирхака, царот етиопски; нему му беа рекле: ете, тој излезе да војува со тебе. Кога го чу тоа, тој ис­прати гласници кај Езекија, велејќи: 10#36,15„Вака кажете му на Езекија, царот јудејски: нека не те мами твојот Бог, на Кого се надеваш, велејќи: Ерусалим не­ма да биде предаден во рацете на царот асирски. 11#36,20Ете, ти си чул што направија асир­ските цареви со сите земји, ставајќи врз нив клетва; та ти ли ќе се избавиш? 12#10,9-11; 2 Цар 19,12Боговите на народите, кои татков­ците мои ги разорија, ги спасија ли, го спасија ли Гозан и Харан, Рецеф и синовите на Еден, што се во Таласар? 13#36,19Каде е царот хаматски, и царот арпадски, и царот на Лаир, Сефарваим, Хена и Ива?“
Молитвата на Езекија
(2 Цар 19,14-19)
14И го зеде Езекија писмото од ра­цете на пратениците и го прочита, па отиде Езекија во домот Господов и го отвори пред лицето Господово; 15потоа се помоли Езекија пред лицето на Господ и рече: 16#1 Сам 4,4; 2 Цар 19,15; Ер 32,17; Пс 18,10„Господи Саваоте, Боже Израелов, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. 17#2 Цар 19,16; Дан 9,18-19Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сена­хирим, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог. 18Навистина, Господи, асирските ца­реви ги опустошија сите краишта и земјите нивни. 19#5 Мојс 4,28Тие ги изнафрлаа во оган боговите нивни; но тоа не беа богови, туку изра­ботки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија. 20#2 Цар 19,19И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од раката негова: тогаш ќе дознаат сите земни царства дека Ти, Господи, си единствен Бог.“
Божјиот одговор за Езекија
(2 Цар 19,20-34)
21 # 38,5; 2 Цар 19,20-28 И испрати Исаија, синот на Амоц, до Езекија да кажат: вака вели Господ, Бог Израелов: „За она што ти Ми се молеше против Сенахирим, царот асирски, ра­цете 22#Пс 22,7; Јов 16,4еве го словото што Господ го изрече за него: ќе те презре, ќе ти се потсмее девицата, ќерката Сионова, ќе ја заниша главата по тебе ќерката ерусалимска. 23#1,4; 10,12Кого ти прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо очите свои? Против Светецот Израелов. 24#2,13; 29,17; 33,9; 35,2Преку слугите свои ти Го прекоруваше Господа, велејќи: ‚Со множеството мои коли се искачив на врвот од планините, врз ребрата на Ливан, ги исеков високите негови кедри, убавите негови кипариси, и стигнав до самиот врв негов, и до горичката негова; 25#10,13-14; 19,6и ископав и пиев вода; и со стапките на нозете свои ги исушив сите реки египетски.‘ 26#22,11Зар не си чул дека Јас одамна го направив тоа, во стари дни го преднацртав, а сега го исполнив со тоа, што ти ги опустошуваш силните градови, претворајќи ги во купишта урнатини? 27#33,8-9; Пс 129,6Жителите нивни изнемоштеа; тре­перат и остануваат во срам; станале како трева по полето и нежно тревно растение, како тревки по покривите, свенати уште пред да пораснат. 28#Пс 139,2Ќе седнеш ли, ќе излезеш ли, или ќе влезеш – Јас знам сѐ, ја знам и дрскоста твоја против Мене. 29#30,28; Ез 38,4За твојата дрскост против Мене и за тоа дека твојата надуеност дојде до ушите Мои, ќе ја ставам алката Своја во ноздрите твои и уздата Своја – во устата твоја; ќе те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол. 30#2 Цар 19,29-31И еве ти знак, Езекија: јадете го оваа година израснатото од паднатото зрно, а во другата година – самоизраснатото; на третата, пак, година, сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги плодо­вите нивни. 31#4,3; 11,1; Пс 80,9Зашто преживеаните во домот Јудин, тие што ќе останат, пак ќе пуштат корен долу и ќе дадат плод горе, 32#9,6; 10,21зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и од градот Сион – спасението. Тоа ќе го изврши ревноста на Господ Саваот.“ 33#33,20; 2 Цар 19,32-34Поради тоа, вака вели Господ за асирскиот цар: „Нема да влезе тој во овој град, ниту ќе фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ќе ископа опкоп околу него; 34по кој пат дошол, по истиот и ќе се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ. 35#30,19; 31,5; Пс 46,4; 48,9Јас ќе го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и поради Мојот слуга Давид.“
Смртта на царот Сенахирим
(2 Цар 19,35-37)
36 # 29,7-8; 2 Цар 19,35-37 Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто осумдесет и пет илјади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела. 37#14,9-10И отстапи Сенахирим, царот асир­ски, та си отиде, се врати и живееше во Ниневија. 38И кога се поклонуваше во домот на својот бог Нисрох, синовите негови Адрамелех и Шарецер го убија со меч, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асар-Хадон.

Селектирано:

Исаија 37: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност