Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 36

36
Асирците го опколуваат Ерусалим
(2 Цар 18,13-37)
1 # 7,17-20; 8,7-8; 37,10; 2 Цар 18,13 Во четиринаесеттата година на царот Езекија, асирскиот цар Сенахирим, стана против сите утврдени градови на Јудеја и ги презеде. 2#7,3; 2 Цар 18,17-37Тогаш асирскиот цар го прати Рапсак со голема војска од Лакиш во Ерусалим кај царот Езекија; и тој се запре кај водоводот на горниот водостој по патот за нивата на валавичарот. 3#22,20И излезе кај него Елијаким, Хелкие­виот син, началник на дворецот, и пи­сарот Севна, и летописецот Јоах, Аса­фовиот син. 4#10,8-15; Ос 5,13И им рече Рапсак: „Кажете му на Езекија: вака вели големиот цар, царот асирски: каква е таа надеж, на која се надеваш? 5#2 Цар 18,7Јас мислам дека се тоа само празни зборови, а за војна се потребни совет и сила: и така, на кого се надеваш ти, па си се одметнал од мене? 6#30,2-3.7; 37,9; Ез 29,6-7Ете, ти многу се потпираш на Египет, на таа скршена трска, која, ако некој се потпре на неа, ќе му влезе во раката и ќе ја прободе. Таков е фарао­нот, царот египетски, за сите, кои се надеваат на него. 7#2 Цар 18,4Ако ли ми кажеш: се надеваме на Господ, нашиот Бог, – тогаш на оној ли, Чии светилишта и жртвеници ги от­страни Езекија и му кажа на Јуда и на Ерусалим: ‚само пред овој жртвеник поклонувајте се?‘ 8И така, влези во сојуз со мојот господар, царот асирски; – ќе ти дадам две илјади коњи; можеш ли да испра­тиш јавачи за нив? 9#31,1Па како мислиш да се одбраниш ду­ри и од еден од најмладите слуги на мојот господар, надевајќи се на Египет, да ти даде бојни коли и коњи? 10#10,6Та зар јас без волјата на Господ тргнав против оваа земја, за да ја разорам? Господ ми рече: оди против таа земја и разори ја.“ 11Тогаш Елијаким, Севна и Јоах му рекоа на Рапсак: „Говори им на слугите твои на арамејски, зашто ние разбираме, а не ни зборувај по јудејски, за да чуе народот, кој е на ѕидините.“ 12И Рапсак рече: „Зар само кај твојот господар и кај тебе ме испрати господарот мој да ги кажам овие зборови? Зар не и кај луѓето, што седат по ѕидините, осудени да го јадат со вас изметот свој и да ја пијат мочта своја?“ 13Тогаш стана Рапсак и извика со висок глас по јудејски и рече: „Чујте ги зборовите на големиот цар, асирскиот цар! 14Вака вели царот: нека не ве мами Езекија, зашто тој не може да ве спаси; 15#37,10И нека не ви дава надеж Езекија во Господ, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси; овој град нема да биде предаден во рацете на царот асирски.‘ 16#Ос 2,14; Мих 4,4; Зах 3,10Не го слушајте Езекија, зашто вака говори царот асирски: примирете се со мене и предајте ми се, и секој нека го јаде плодот од лозјето свое и од смоквата своја и секој нека пие вода од својот кладенец, 17#5 Мојс 7,13додека не дојдам и ве одведам во исто таква земја, каква што е и вашата земја, во земја на леб и вино, во земја на плодови и лозја. 18И така, да не ве мами Езекија, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси.‘ Боговите на другите народи ја спасија ли, секој својата земја од раката на асирскиот цар? 19#10,9.11; 37,13Каде се боговите на Хамат и Ар­пад? Каде се боговите на Сефарваим? Ја спасија ли тие Самарија од мојата рака? 20#37,11-12; 2 Цар 18,35Кој од сите богови на тие земји ја спаси земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ќе го спаси Ерусалим од мојата рака?“ 21Но тие молчеа и не му одговорија ни збор, зашто од царот беше дадена повелба: не одговарајте му. 22#37,1; Ис.Н. 7,6Тогаш отиде Елијаким, синот Хел­киев, началник на дворецот, и Севна писарот, и Јоах, син Асафов, летописец при Езекија, со раскината облека, и му ги соопштија зборовите на Рапсак.

Селектирано:

Исаија 36: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност