Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 33:17-24

Исаија 33:17-24 MK2006

Очите твои ќе го видат Царот во Неговата убавина, ќе гледаат непрегледна земја; само срцето твое ќе си спомни за ужасите: „Каде е оној, што пребројуваше? Каде е оној, што го одмеруваше данокот? Каде е оној, што ги надгледуваше кулите?“ Нема повеќе да видиш народ свиреп, народ со неразбирлив збор, со јазик туѓ, несфатлив. Погледни го Сион, градот на ваши­те празнични собранија; очите твои ќе го видат Ерусалим, мирно живеалиште и непоколеблива скинија; столбовите нејзини никогаш нема да се помрднат, и ниедно од јажињата нема да се скине. Таму кај нас Великиот Господ ќе биде место реки, место широки канали; таму нема да влезе ниедна лаѓа со вес­ла, ниту ќе премине голем кораб. Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар: Тој ќе нѐ спаси. Ослабнаа јажињата твои, не можат да ги додржат јарболите и да ги затегнат платната. Тогаш ќе има голем дележ на пленот, дури и сакатите ќе тргнат по грабеж. И ниеден од жителите нема да каже: „Болен сум“; а на народот што живее таму, ќе му бидат простени гревовите.