Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 26:1-19

Исаија 26:1-19 MK2006

Во тој ден ќе биде испеана во земјата Јудина оваа песна: „Гра­дот ни е јак, место ѕидини и опкопи Бог ни даде спасение. Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината. Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева. Надевајте се на Господ засекогаш, зашто Господ Бог е вечната тврдина; Тој ги собори оние, што живееја на високо; градот, што стоеше високо го собори, го кутна на земја, го фрли во прав. Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните.“ Патот на праведниот е прав; Ти ја израмнуваш неговата патека. На патот на Твоите судови, Гос­поди, ние на Тебе се надеваме; душата наша се стреми кон Твоето име и кон спо­менот за Тебе. Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда. Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, ќе злодеј­ствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово. Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ќе видат и ќе се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ќе ги голтне Твоите непријатели. Господи! Ти ни даруваш мир, зашто и сите наши дела Ти ги уредуваш за нас. Господи, Боже наш! Други господари, освен Тебе, владееле над нас; но само преку Тебе ние го славиме Твоето име. Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, зашто Ти ги каз­ни и истреби, го уништи секој спомен за нив. Ти го намножи народот, Господи, го намножи народот. Се прослави Себе Си, ги рашири сите земни граници. Господи, кога беа во беда, тие Те бараа; изливаа тивки молитви, кога ги стигнуваше Твојата казна. Како трудна жена, кога ќе раѓа, се мачи, вика од болки, така бевме ние пред Тебе, Господи. Бевме трудни, се мачевме, но ро­дивме само ветар; спасение не ѝ доне­совме на земјата, и други жители во вселената не се појавија. Твоите мртовци ќе оживеат, мрт­вите тела ќе воскреснат! Разбу­дете се и ликувајте вие, соборените во прав; за­што Твојата роса е роса на светлина, и земјата ќе ги даде мртовците.