Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 26

26
Песна во слава на Бога и надеж во Господ
1 # 60,18; Мих 2,4; Зах 2,9 Во тој ден ќе биде испеана во земјата Јудина оваа песна: „Гра­дот ни е јак, место ѕидини и опкопи Бог ни даде спасение. 2#Пс; 118,19-20Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината. 3Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева. 4#17,10; 30,29; 5 Мојс 32,4; Пс 62,7Надевајте се на Господ засекогаш, зашто Господ Бог е вечната тврдина; 5#25,2.12; 32,19; Изреки 16,5.18Тој ги собори оние, што живееја на високо; градот, што стоеше високо го собори, го кутна на земја, го фрли во прав. 6Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните.“
Доверба во Господ
7 # Ос 14,10; Јов 17,9; Изреки 2,20 Патот на праведниот е прав; Ти ја израмнуваш неговата патека. 8#25,9; Пс 37,23На патот на Твоите судови, Гос­поди, ние на Тебе се надеваме; душата наша се стреми кон Твоето име и кон спо­менот за Тебе. 9#Пс 42,1; 63,2; 77,3Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда. 10#Проп 8,11Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, ќе злодеј­ствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово. 11#5,12; 30,27; 37,32; 2 Мојс 15,6; Мих 7,16; Пс 21,9; Евр 10,27Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ќе видат и ќе се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ќе ги голтне Твоите непријатели. 12#Пс 90,17; Фил 2,13Господи! Ти ни даруваш мир, зашто и сите наши дела Ти ги уредуваш за нас. 13#63,19Господи, Боже наш! Други господари, освен Тебе, владееле над нас; но само преку Тебе ние го славиме Твоето име. 14#Ер 51,55Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, зашто Ти ги каз­ни и истреби, го уништи секој спомен за нив. 15#Ез 28,22; 47,15-20; Неем; 11,1-2Ти го намножи народот, Господи, го намножи народот. Се прослави Себе Си, ги рашири сите земни граници.
Господ оживува мртви!
16 # Ер 2,27; Ос 5,15; 6,1 Господи, кога беа во беда, тие Те бараа; изливаа тивки молитви, кога ги стигнуваше Твојата казна. 17#13,8; 37,3; Ер 4,31; Ос 13,13; Мт 24,8; Јн 16,21; Откр 12,2Како трудна жена, кога ќе раѓа, се мачи, вика од болки, така бевме ние пред Тебе, Господи. 18#2 Цар 19,3; Мих 4,10Бевме трудни, се мачевме, но ро­дивме само ветар; спасение не ѝ доне­совме на земјата, и други жители во вселената не се појавија. 19#Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Кор 15,35-38; Ефес 5,14Твоите мртовци ќе оживеат, мрт­вите тела ќе воскреснат! Разбу­дете се и ликувајте вие, соборените во прав; за­што Твојата роса е роса на светлина, и земјата ќе ги даде мртовците. 20#10,25; 54,8; Соф 2,3; Јов 14,13; Мт 6,6; 24,22Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот;
И земјата и морето ќе бидат казнети
21 # Мих 1,3; Јов 16,18-19; Откр 3,10; 6,10 зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жи­телите земни за нивното беззаконие, и земјата ќе ја открие голтнатата од неа крв и повеќе нема да ги крие своите убиени.

Селектирано:

Исаија 26: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се