Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 25:1-9

Исаија 25:1-9 MK2006

Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам име­то Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни. Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на туѓинци; никогаш нема да биде обновен. Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните пле­миња ќе се плашат од Тебе; зашто Ти беше прибежиште на си­ромавиот, прибежиште на немоќ­ниот во тешко време за него, заштита од бу­ра, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на зимска виулица. Ти го скроти викањето на непријателите, како припек – во безводно мес­то; како припек со сенка од облак; веселбата на угнетувачите е задушена. И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина; врз таа планина ќе ја уништи пок­ривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња. Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ. И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го че­кавме; да се радуваме и веселиме за спа­сението од Него!