Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 24

24
Божјиот суд на земјата
1 # 13,9 Ете, Господ ја опустошува земја­та и ја прави неплодна; ја изо­б­личува и ги распрснува оние што жи­веат на неа. 2#3,2-3; Ер 15,10; Ез 7,12; Ос 4,9Со свештеникот ќе стане исто што и со народот, – со слугата, – исто што и со господарот негов; со слугинката, исто што – и со господарката нејзина; со ку­пувачот, исто што и со продавачот; со оној, кој ќе земе на заем, исто што, и со оној кој дава на заем; со оној, кој дава со интерес – исто што и со оној кој зема под интерес. 3#1,20; 14,26Земјата ќе опустоши до крај и целата ќе биде ограбена, зашто Гос­под го изрече тоа слово. 4#33,9; Ер 4,28; 14,2; Ос 4,3; Наум 1,5Тагува, нажалена е земјата; опаднала, тажна е вселената; небото про­паѓа заедно со Земјата. 5#1 Мојс 9,16; 4 Мојс 35,33; Ер 3,2; Пс 106,38И земјата е осквернета под жите­лите свои, зашто тие ги прекршија за­коните, го изменија уставот, го нару­шија вечниот завет. 6#3 Мојс 26,15-16; 5 Мојс 29,26; Зах 5,3; Изреки 30,10Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се намалени жителите земни, малку луѓе останаа. 7#32,12; Ер 48,33; Јоил 1,12Плаче гроздовиот сок; боледува лозата; воздивнуваат сите што се веселеа од срце. 8#16,9-10; Ер 7,34; 16,9; 25,10; Ез 26,13; Откр 18,22Престана веселбата со тимпани; молкна вревата на оние што се веселеа; стивнаа звуците на харфите; 9#Амос 6,5-7не пијат повеќе вино со песни; гор­члив е жестокиот пијалак за оние што го пијат, 10#32,14разорен е запустениот град; сите куќи се затворени, не може да се влезе. 11Плачат за вино по улиците; ис­чезна секаква радост; изгонета е секаква ве­селба од земјата. 12#Ер 51,58Во градот остана само пустош, портите се искршени. 13#17,6; Мих 7,1А среде земјата, меѓу народите, ќе биде истото, што станува кога маслинки тресат или паберки по гроздобер.
Слава на праведниот Бог
14 # 12,6 Тие ќе го кренат гласот свој, ќе ли­куваат во величието на Господ, силно ќе воскликнуваат од морето. 15#42,12; 66,19; Соф 2,11И така, славете Го Господа на исток, по островите морски – славете Го името на Господ, Бог Израелов. 16#11,12; Ер 5,11; Евр 2,4Од крајот на земјата слушаме пес­на: „Слава на Праведниот!“ Но јас ре­ков: „Тешко мене, тешко мене! Зло­дејци зло вршат, на зол начин дејствуваат злодејците.
Нема спас!
17 # 26,21; Ер 48,43-44; Лк 21,35 Ужас, јама и стапица за тебе, жи­теле на земјата!“ 18#2,10; 1 Мојс 7,11; Амос 5,19; Пс 18,7.15Тогаш, оној што ќе избега од викот на ужасот, ќе падне во јама; и кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; зашто прозорците од небес­ната висо­чина ќе се отворат, и осно­вите на земјата ќе се разнишаат. 19Земјата се разрушува, земјата се распаѓа, земјата е силно разнишана; 20#19,14; Амос 5,2; Пс 38,4земјата се ниша како пијана и се лула како лулка, и беззаконието ѝ тежи врз неа; таа ќе падне – и повеќе нема да стане. 21#10,12; 14,12-15; 5 Мојс 4,19; Пс 2,2И во тој ден Господ ќе ја казни небесната војска во висините, и земните царства на земјата. 22#26,21; 2 Птр 2,4И ќе бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ќе бидат за­к­лучени во темница и по многу денови ќе бидат казнети. 23#4,5; 13,10; 60,1-3; Мих 4,7; Пс 93,1; Откр; 19,4-6Тогаш месечината ќе поцрвени, и сонцето ќе се засрами, кога Господ Са­ваот ќе се зацари на гората Сион и во Ерусалим, и пред неговите старе­шини ќе покаже слава.

Селектирано:

Исаија 24: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се