Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 11

11
За Месијата и за Неговото царство на мирот
1 # 4,2; Ер 23,5; Пс 72; Рим 15,12; Откр 22,16 И ќе потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ќе израсне од нејзиниот корен; 2#9,5; 32,15; 42,1; 2 Сам 23,2; Мт 3,16; Јн 1,32-33; Дела 10,38; 1 Птр 4,14ќе почива врз Него Дух Господов, дух на мудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и богобојазли­вост; 3#9,6; 2 Сам 14,17; Јн 7,24ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Не­гови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат. 4#32,1-2; Амос 2,7; 8,4; Пс 72,4; 2 Сол 2,8; Откр 2,16; 19,11.15Тој ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот. 5#Пс 143,1; Ефес 6,14Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови – вистината. 6#65,25Тогаш волк ќе живее со јагне, лео­пардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. 7#65,25Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. 8#Ос 2,20; Пс 91,13; Јов 5,22Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. 9#40,5; Ер 31,33-34; Авак 2,14; 3,3Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господ, како што водите го полнат морето.
Божјиот народ ќе се врати дома
10 # 2,2-3; 5,26; Рим 15,12; Откр 22,16 Во оној ден кон Јесеевиот корен, кој ќе стане како знаме на народите, ќе се обратат незнабошците, живеа­лиштето негово ќе му биде слава. 11#27,13; 2 Мојс 3,20; Ер 23,7-8; Зах 10,10Тогаш Господ пак ќе ја крене раката Своја, за да Си го врати остатокот од народот Свој, – она што остана во Аси­рија, и во Египет, и во Патрос, и во Куш, и во Елам, и во Сенаар, и во Хамат, и островите морски. 12#5,26; 18,3; 49,22; Ез 11,17; Ос 2,2; Пс 147,2И ќе крене знаме кон незна­бошците и ќе ги собере прогонетите Израелци; расеаните Јудејци ќе ги повика од чети­рите земни краишта. 13#Ер 3,18; Ос 2,2Ќе се прекрати зависта Ефремо­ва; кои непријателствуваат против Јуда, ќе бидат истребени, Ефрем нема да му за­видува на Јуда, а Јуда нема да го при­теснува Ефрем. 14#14,28-32; 25,10-12; 34,5-15; Ер 49,2.28; Пс 60,8И ќе полетаат врз плеќите на Фи­листејците кон запад, ќе ги ограбат сите народи на Исток; ќе стават рака врз Едом и Моав, и синовите Амоно­ви ќе им бидат поданици. 15#10,32; 42,15-16Ќе го исуши Господ заливот на Египетското Море, ќе ја протегне раката Своја врз Реката преку силниот Свој ветар и ќе ја разбие на седум ракави, така што со обувки да можат да ги мину­ваат. 16#35,8; 40,3; 43,19; 49,11; 57,14; 62,10; 2 Мојс 14,22; Мих 7,15Тогаш за остатокот од Неговиот народ, кој ќе остане во Асирија, ќе има широк пат, како што беше тоа за Из­раелците кога излегуваа од египетската земја.

Селектирано:

Исаија 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се