Ќе велат: „Ајде да се вратиме кај Господ, зашто Тој нѐ рани и Тој ќе нѐ исцели, нѐ удри – и ќе ни ги преврзе раните наши; ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово. И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; а Тој сигурно ќе дојде кај нас, како утрена зора, ќе ни дојде како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја натопи земјата.“ Што да правам со тебе, Ефреме? Што да правам со тебе, Јудо? Вашата љубов кон Мене е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува. Затоа Јас ги судев преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја. А тоа што го барам од вас е јасно како светлина. Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, и познавање на Бога, а не жртва сепаленица. А тие, како Адам, го прекршија заветот, и таму Ме изневерија. Галаад е град на беззаконици, полн со траги од крв. Свештениците се здружени разбојници, тие убиваат по патот за Сихем, срамни работи вршат. Во домот Израелов гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Израел се осквернува. И за тебе, Јудо, е определена казна кога ќе го повратам од ропство Мојот народ.
Прочитај Осија 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Осија 6:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа