Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 6

6
Зборови на Божјиот народ
1 # 14,2; Плач 3,40; 5,21 Ќе велат: „Ајде да се вратиме кај Господ, зашто Тој нѐ рани и Тој ќе нѐ исцели, нѐ удри – и ќе ни ги преврзе раните наши; 2#Ез 37; Пс 116,9; Лк 1,75; 24,7ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово. 3#2,22; 5 Мојс 11,14; Јоил 2,23; Пс 72,6; 63,2; 143,6И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; а Тој сигурно ќе дој­де кај нас, како утрена зора, ќе ни дојде како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја натопи земјата.“
Господ им се обраќа на Израел и на Јудеја
4 # 13,3; 14,6; Мих 5,6; Изреки 19,12 Што да правам со тебе, Ефреме? Што да правам со тебе, Јудо? Вашата љубов кон Мене е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува. 5#12,11; Ис 11,4; Ер 1,10; 5,14Затоа Јас ги судев преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја. А тоа што го барам од вас е јасно како светлина. 6#2,21-22; Амос; 5,21-24; Пс 40,6; 51,18-19; Мт 9,13; 12,7Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, и познавање на Бога, а не жртва сепаленица. 7#8,1; Ер 31,32; 34,15-18А тие, како Адам, го прекршија за­ветот, и таму Ме изневерија. 8#12,12; 2 Цар 15,25Галаад е град на беззаконици, полн со траги од крв. 9Свештениците се здружени разбој­ници, тие убиваат по патот за Сихем, срамни работи вршат. 10#5,3Во домот Израелов гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Изра­ел се осквернува. 11#5 Мојс 30,3; Ез 16,53; Амос 9,14И за тебе, Јудо, е определена казна кога ќе го повратам од ропство Мојот народ.

Селектирано:

Осија 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се