Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 5

5
Опомена за царството на Јуда и царството на Израел
1 # 9,8; 5 Мојс 1,17; Мих 3,1 Чујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израелов, и приклони го увото, доме царев, зашто вам ќе ви се суди, зашто бевте замка во Мицпа и оптегната мрежа во Тавор. 2#Ис 24,2Длабока јама ископаа престапни­ците, но Јас ќе ги казнам сите нив. 3#4,17; 6,10Ефрем Јас го познавам, но и Израел не е сокриен од мене; зашто и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израеле, се оскверна. 4#1,2; 4,12; 7,10; Ер 13,23; Изреки 27,22Делата нивни не ги оставаат да се обратат кон својот Бог, зашто блудството нивно е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат. 5#7,10; 14,2; Амос 6,8И гордоста на Израел сведочи против нив; затоа и Израел и Ефрем паднаа поради беззаконијата свои; а ќе падне и Јуда со нив. 6#Ис 55,6; Ер 6,20; Амос 5,4; 8,11-12; Изреки 1,28; Јн 7,34; 8,21Со овци и со волови ќе тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Тој се оттргнал од нив. 7#2,6Тие Го изневерија Господа, зашто изродија туѓи деца; затоа сега и тие и нивните имоти ќе бидат уништени. 8#4,15; Ер 4,5; Јоил 2,1Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: „Во бој, Венијамине!“ 9Во денот на казнувањето Ефрем ќе стане пустина; Јас го изјавувам тоа меѓу колената Израелови. 10#5 Мојс 19,14; 27,17Водачите на Јуда станаа како оние што преместуваат меѓи; ќе го излеам врз нив гневот Мој како вода. 11#5 Мојс 28,33Ете, Ефрем е угнетен, кај него правдата се гази, зашто посака да оди по суетни работи. 12#Ис 50,9; Јов 4,19Јас ќе бидам како молец за домот на Ефрем и како црв за домот на Јуда. 13#7,11; 8,9; 10,6; 12,2; 14,4; 2 Цар 15,19; 16,7-9Кога ја согледа Ефрем болеста своја и Јуда раната своја, тргна Ефрем кон Ашур и се обрати до големиот цар за помош; но тој не ќе може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша. 14#2,12; 13,7; 1 Мојс 49,9; Ис 5,29; Амос 3,12Зашто Јас сум како лав за Ефрем и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си заминам; ќе однесам и никој нема да ги спаси. 15#5,6; 5 Мојс 4,29-31; Ис 18,4; Ер 29,13; Амос 5,4; Пс 78,34Ќе тргнам и ќе се вратам во Своето место, додека тие не признаат дека се виновни, и не го побараат лицето Мое. Можеби во својата мака ќе Ме поба­раат.

Селектирано:

Осија 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност