Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 2:2-23

Осија 2:2-23 MK2006

И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израелови заедно и ќе си пос­тават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Јиз­реел. Речете им на браќата свои: ‚Ами‘ и на сестрите свои ‚Рухама‘. Судете се со својата мајка, распра­вајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубо­дејството од градите свои, за да не ја сотрам, за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед. И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство. Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше – ќе тргнам по љубов­ниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак. Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде па­теките свои; ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега. А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал. Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина. И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миле­ници, и никој не ќе ја избави од раката Моја. И ќе укинам кај неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави. И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‚тоа ми се подароци, со кои ме даруваа љу­бовниците мои;‘ и Јас ќе ги опустошам, и полските животни ќе ги изедат. И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и грив­ни, одела по љубовниците свои, а Мене Ме заборавила, вели Господ. Поради тоа Јас ќе ја привлечам и ќе ја одведам во пустина, па ќе му зборувам на нејзиното срце. И ќе ѝ ја вратам лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ќе пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од египетската земја. И во тој ден, вели Господ, ти ќе Ми велиш – мажу Мој, и нема повеќе да Ми велиш – Ваалу Мој. И ќе ги отстранам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема по­веќе да се спомнува името нивно. И во тоа време поради нив ќе склу­чам сојуз со животните полски, со пти­ците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во мир и сигурност. И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и спра­ведливост, во благослов и милосрдност. И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа. И во тој ден Јас ќе се одзовам, вели Господ, Јас, ќе му се одзовам на Небото, а тоа ќе ѝ се одзове на Земјата