Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 14

14
Вратете се кон Господ
1 # 7,1; 10,14; 2 Цар 15,16; Амос 1,13 Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани. 2#5,5; 6,1Врати се, Израеле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие. 3#Пс 32,1; Евр 13,15Подгответе се молитвено, и обрате­те се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“
Господ ветува простување
4 # 2,18-19; 7,11; 12,2; Ис 31,1; Пс 68,5; 146,9 Ашур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: „О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.“ 5#1,6; 2,16-25; 5,13; 9,15; Ер 30,17Ќе ги излекувам од одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив. 6#Ис 26,19; 27,6; 35,1; Ез 17,23Јас ќе бидам роса за Израел; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан. 7#Ис 27,6; Пс 52,8Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан. 8Ќе се вратат под Мојата сенка, и ќе имаат жито во изобилие – па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното леванонско. 9#4,17; 2 Кор 6,16Зошто ти се идолите, Ефреме? Јас те слушам и се грижам за тебе; Јас сум како зелен кипарис: од Мене ти доаѓаат плодовите. 10#5 Мојс 32,4; Ер 9,11; Пс 107,43; Изреки 4,7; Проп 8,1Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Зашто патиштата Господови се прави, и пра­ведниците одат по нив, а беззакониците се сопнуваат од нив.

Селектирано:

Осија 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност