Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 8:7-13

Евреите 8:7-13 MK2006

Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор. Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Из­ра­елов и со домот Јудин ќе склучам нов завет, но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ. Но овој е заветот што ќе му го да­дам на домот Израелов во оние дни, ве­ли Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ. И ниеден нема да го учи својот бли­жен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат, бидејќи ќе бидам милостив кон нив­ните неправди, а за гревовите и беззако­нијата нивни нема веќе да си спомнувам.“ А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.