Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 8:1-6

Евреите 8:1-6 MK2006

А најважното од ова што го збо­руваме, е дека имаме таков Прво­свештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата, и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек. Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа бе­ше потребно и Тој да има што да прине­се. Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свеш­теници што принесуваат дарови по За­конот и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше ски­нијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше по­ка­жан на планината.“ А сега Тој доби толку подобра служ­ба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.