Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 6:10-19

Евреите 6:10-19 MK2006

Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љу­бовта што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите. А ние сакаме секој од вас да ја по­кажува истата усрдност за одржување на полната надеж докрај, та да не станете мрзливи, туку да ги следите оние кои преку вера и трпение ги добиваат ветувањата. Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе, велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“ И така, со долготрпение тој го доби ветеното. Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај. Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја по­ка­же Својата неизменлива волја, посведо­чи со клетва, та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена, а која е за нашата душа цврста и си­гурна котва, и кој влегува дури зад за­ве­сата