Евреите 6
6
1 #
9,14; Дела 20,21; 1 Кор 3,10-12; Ефес 2,1.5 Затоа да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога, 2науката за крштавањето, ракополагањето, воскресението на мртвите и вечниот суд. 3И ова ќе го направиме, ако допушти Бог. 4#10,26-27.32; Јн 4,10; Ефес 2,8; Гал 3,2Зашто оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух, 5#4,12; 1 Птр 2,3и, откако вкусија од убавата Божја реч и од силите на идниот век, 6#10,29; 2 Птр 2,21; 1 Јн 5,16а потоа отпаднаа, – не е можно повторно да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси Го распнуваат Синот Божји и Го хулат. 7#1 Мојс 1,11-12; 5 Мојс 11,11Зашто земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов; 8#1 Мојс 3,17-18; Ис 5,6; 27,4; Мт 7,16а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството кое завршува со изгорување. 9Од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако така зборуваме. 10#10,32-34; Мт 10,40-42; 1 Сол 1,3; Откр 2,19Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љубовта што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите. 11#3,6; 10,23А ние сакаме секој од вас да ја покажува истата усрдност за одржување на полната надеж докрај, 12#5,11; 6,16; 10,36; 11,7.9; 1 Кор 11,1; Откр 13,10та да не станете мрзливи, туку да ги следите оние кои преку вера и трпение ги добиваат ветувањата.
Божјото сигурно ветување
13 #
1 Мојс 22,16.17 #
Рим 4,20
Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе, 14велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“ 15#11,9.13.33.39; 1 Мојс 21,5И така, со долготрпение тој го доби ветеното. 16#2 Мојс 22,10Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај. 17#9,15; 10,36; Рим 4,16Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја покаже Својата неизменлива волја, посведочи со клетва, 18#3,6; 10,23; 4 Мојс 23,19; Кол 1,5та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена, 19#10,19-20; 3 Мојс 16,2.12; Мт 27,51а која е за нашата душа цврста и сигурна котва, и кој влегува дури зад завесата, 20#4,14; Пс 110,4каде што Исус за нас влезе најнапред, откако стана вечен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков.
Селектирано:
Евреите 6: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006