Така и Христос не се прослави Сам Себеси, станувајќи првосвештеник, туку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“ Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“ Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата потчинетост од почит беше чуен. Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада, а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни, и од Бога беше наречен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков.
Прочитај Евреите 5
Слушај Евреите 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Евреите 5:5-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа