зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога; додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат срцата ваши онака како кога се побунивте.“ А кои беа тие што чуја и пак се побунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет? Против кого негодуваше Тој четириесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пустината? А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни? И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.
Прочитај Евреите 3
Слушај Евреите 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Евреите 3:14-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа