Евреите 2
2
Нашето спасение
1 #
Рим 11,22
Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она што го чувме за да не отпаднеме некако. 2#10,28-29; 12,25; Дела 7,53; Гал 3,19Зашто, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна, 3#Лк 1,2; 1 Кор 1,6како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое, најнапред проповедано од Господ, се потврди од оние што го беа чуле од Него, 4#Мк 16,20; 1 Кор 12,4.11; 2 Кор 12,12кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса, со разни силни дела и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.
Предводникот на нашето спасение
5Зашто Бог не им ја потчини на ангелите идната вселена за која зборуваме, 6#Пс 8,5-7туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него? 7Си го направил за кратко малку подолен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце; 8#Мт 22,44; 1 Кор 15,27; Ефес 1,22сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сѐ му е потчинето. 9#5,4-10; Дела 3,13; 2 Кор 5,14-15; Фил 2,7-9А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите. 10#2,17; 5,9; 7,28; 12,2; Лк 24,26; Дела 3,15Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во слава, преку страдања да го усоврши Зачетникот на нивното спасение. 11#10,10; 2 Мојс 31,13; Мт 28,10; Јн 17,19; 20,17; Ефес 5,26Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи: 12#Пс 22,23; Јн 17,6„Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“ 13#2 Сам 22,3; Ис 8,17.18; 12,2; Јн 10,29И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“ 14#Јн 1,14; Рим 8,3; 1 Кор 15,50.55; 2 Тим 1,10; 1 Јн 3,8А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; 15#Рим 8,15; Гал 5,1; 2 Тим 1,7па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство. 16#Ис 41,8-9Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авраамовите потомци; 17#4,14; 5,2; 3 Мојс 16,10; 1 Сам 2,35; Рим 3,25; Фил 2,7; 1 Јн 2,2; 4,10затоа Тој мораше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот. 18#4,15Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.
Селектирано:
Евреите 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006