Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 12:12-29

Евреите 12:12-29 MK2006

Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“, и со нозете свои „Направете си пра­ви патеки“, та, она што е куцо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели. Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа: гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат, да не би некој гор­члив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина; да не би меѓу вас да има некој блудник, или нечестив како Исав, кој за една манџа се откажа од своето право на првородство. Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше молел дури со солзи. Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорени­от оган, кон облакот, и темнината, и лу­њата, и кон трубниот звук, и кон гласот што зборуваше, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе, зашто не можеа да го истрпат она што им се заповедаше: „И ѕвер ако се допре до гората, со камења нека биде убиен.“ И толку страшна беше глетката, што и Мојсеј рече: „Треперам од страв!“ Но вие пристапивте кон Сион и гра­дот на живиот Бог, небесниот Еру­са­лим, и кон безбројните ангели, на све­че­ниот собор, кон собранието на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бо­га, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совр­шен­ство, и кон Исус, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата. Гледајте да не Го отфрлите Оној Кој зборува. Зашто, ако не останаа неказнети оние, што откажаа да му слу­жат на оној што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои Го отфрламе Оној, Кој зборува од небесата Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште ед­наш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото.“ Зборовите „уште еднаш“ оз­на­чу­ваат дека колебливото ќе се отстрани, та да остане само непоколебливото. И така, примајќи го непоколебливо­то царство, да искажеме благодарност со која ќе Му служиме на Бога благо­угодно со почит и во страв, бидејќи нашиот Бог е оган што из­горува.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Евреите 12:12-29