Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 12:1-13

Евреите 12:1-13 MK2006

Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себе се­какво бреме и грев, што лесно се при­ле­пува за нас, и со трпеливост да по­бр­за­ме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, по­ради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодуш­ни! Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв. И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господ и не биди малодушен кога те казнува, зашто Господ го казнува оној кого што го сака; го кара секој син што го прима.“ Ако трпите казна, Бог со вас пос­та­пува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува? Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови. Ако се плашиме од нашите татковци кога нѐ казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи? Зашто тие нѐ казнуваат за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за полза, та да учествуваме во Неговата светост. Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жа­лост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“, и со нозете свои „Направете си пра­ви патеки“, та, она што е куцо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Евреите 12:1-13