Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 12

12
Трпеливост во претстојната борба
1 # Лк 8,15; 1 Кор 9,24; 1 Тим 6,12; 2 Тим 4,7 Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себе се­какво бреме и грев, што лесно се при­ле­пува за нас, и со трпеливост да по­бр­за­ме кон претстојната борба, 2#13,13; Пс 25,15; 110,1; Фил 2,4.8имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, по­ради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. 3#Лк 2,34; Гал 6,9; Откр 2,3Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодуш­ни! 4#10,32-36Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв. 5#5 Мојс 8,5; Пс 94,12; Изреки 3,11-12; 1 Кор 11,32; Откр 3,19И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господ и не биди малодушен кога те казнува, 6зашто Господ го казнува оној кого што го сака; го кара секој син што го прима.“ 7#Изреки 13,24Ако трпите казна, Бог со вас пос­та­пува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува? 8#1 Птр 5,9Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови. 9#4 Мојс 16,22; 27,16Ако се плашиме од нашите татковци кога нѐ казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи? 10#3 Мојс 19,2; 2 Птр 1,4Зашто тие нѐ казнуваат за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за полза, та да учествуваме во Неговата светост. 11#2 Кор 4,17; Фил 1,11; Јк 1,2-4; 3,18; 1 Птр 1,6-7Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жа­лост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност. 12#Ис 35,3; Јов 4,3-4; Изреки 4,26Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“, 13и со нозете свои „Направете си пра­ви патеки“, та, она што е куцо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели.
Верност кон христијанскиот повик
14 # Мт 5,8-9; Рим 12,18; 14,19; 2 Тим 2,22; 1 Птр 3,11; 1 Јн 3,2-3 Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа: 15#5 Мојс 29,17; Дела 8,23гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат, да не би некој гор­члив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина; 16#1 Мојс 25,33-34; 26,34да не би меѓу вас да има некој блудник, или нечестив како Исав, кој за една манџа се откажа од своето право на првородство. 17#1 Мојс 27,30-40Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше молел дури со солзи. 18#2 Мојс 19,16.18; 5 Мојс 4,11; 5,22-23Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорени­от оган, кон облакот, и темнината, и лу­њата, 19#2 Мојс 19,16.19; 20,18-19; 5 Мојс 4,12; 5,5.25; 18,16и кон трубниот звук, и кон гласот што зборуваше, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе, 20#2 Мојс 19,12-13зашто не можеа да го истрпат она што им се заповедаше: „И ѕвер ако се допре до гората, со камења нека биде убиен.“ 21#5 Мојс 9,19И толку страшна беше глетката, што и Мојсеј рече: „Треперам од страв!“ 22#11,10; Ис 24,23; 60,14; Гал 4,26; Откр 5,11; 14,1; 21,2Но вие пристапивте кон Сион и гра­дот на живиот Бог, небесниот Еру­са­лим, и кон безбројните ангели, на све­че­ниот собор, 23#11,40; 2 Мојс 4,22; Пс 94,2; Лк 10,20; Откр 20,15кон собранието на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бо­га, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совр­шен­ство, 24#7,22; 11,4; 1 Тим 2,5; 1 Птр 1,2и кон Исус, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата. 25#2,3; 10,28-29Гледајте да не Го отфрлите Оној Кој зборува. Зашто, ако не останаа неказнети оние, што откажаа да му слу­жат на оној што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои Го отфрламе Оној, Кој зборува од небесата 26#Агеј 2,6.21#2 Мојс 19,18; Суд 5,4-5; Пс 68,8; Мт 24,29Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште ед­наш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото.“ 27#1 Кор 7,31; 2 Птр 3,10-13; 1 Јн 2,17Зборовите „уште еднаш“ оз­на­чу­ваат дека колебливото ќе се отстрани, та да остане само непоколебливото. 28#13,15; Мал 2,5; 3,20; Дан 7,14.18И така, примајќи го непоколебливо­то царство, да искажеме благодарност со која ќе Му служиме на Бога благо­угодно со почит и во страв, 29#5 Мојс 4,24; 9,3; Ис 33,14бидејќи нашиот Бог е оган што из­горува.

Селектирано:

Евреите 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се