Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 11:32-40

Евреите 11:32-40 MK2006

И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Ге­деон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци, кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, зат­во­рија усти на лавови; угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски; жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и не прифатија ослободени, за да добијат подоб­ро воскресение; а други поднесоа подигрување и кам­шикување, па дури и окови и зат­вор; со камења беа убивани, со пила се­чени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам – тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пеш­тери и јами во земјата. И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното, зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршен­ство.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Евреите 11:32-40