И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Гедеон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци, кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови; угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски; жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и не прифатија ослободени, за да добијат подобро воскресение; а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор; со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам – тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и јами во земјата. И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното, зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршенство.