Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 11:1-16

Евреите 11:1-16 MK2006

А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа. Преку неа постарите добија све­дош­тво. Преку верата разбираме дека ве­ко­вите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото. Со вера Авел Му принесе на Бога по­добра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­ро­ви; преку неа, иако мртов, тој уште збо­рува. Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселува­њето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога. А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат. Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­да­ше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на пра­ведноста по вера. Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што тре­баше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди. Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под ша­тори со Исак и Јаков, наследници на ис­тото ветување; зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог. Преку вера и самата Сара – иако беше неплодна, доби сила да зачне и, покрај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил. И така од еден, и тоа остарен, се ро­дија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег. Сите тие умреа со вера, не добивај­ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина. И ако ја беа имале на ум онаа тат­ковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат. Но тие сакаа подобра, односно не­бесна татковина; затоа и Бог не се сра­ми да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Евреите 11:1-16