Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 50:15-21

Создавање 50:15-21 MK2006

Кога видоа браќата Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа еден на друг: „Да не би да си спомне Јосиф за нашата омраза, па да ни се одмазди за сето зло, што му го направивме!“ Затоа рекоа да му кажат на Јосиф: „Татко ти остави клетва пред да умре и рече – ‚Вака кажете му на Јосиф: Прости им ги на браќата твои неправдата и гревот нивни, што ти ги направија.‘ И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот ти Бог.“ А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа. Потоа дојдоа пред него и рекоа: „Еве, ние сме слуги твои.“ Јосиф им рече: „Не плашете се, зар сум јас наместо Бог? Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се зачува животот на многу луѓе.“ И им рече: „Не плашете се, јас ќе ве прехранам вас и вашите деца.“ Така ги утеши, зборувајќи им од срце.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Создавање 50:15-21