Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 48:1-6

Создавање 48:1-6 MK2006

Потоа му јавија на Јосиф: „Ене, татко ти е болен.“ А тој ги по­веде со себе двајцата синови свои, Ма­насија и Ефрем. И го известија Јаков, велејќи му: „Ете, синот твој Јосиф доаѓа кај тебе.“ А Израел собра сили и седна на постелата своја. И му рече Јаков на Јосиф: „Се­силниот мој Бог Ел-Шадај ми се јави во Луз, во земјата Ханан, ме благослови, и ми рече: ‚Ќе те направам плоден и многуброен; и ќе направам од тебе да произлезат многу народи, ќе ја дадам оваа земја и на твоето потомство по тебе во вечна сопственост.‘ А сега, двајцата синови твои, Ефрем и Манасија, кои ти се родија во египетската земја, пред да дојдам во Египет, нека бидат мои, како што ми се Рувим и Симеон. Децата, пак, кои ти се родија по нив, нека останат твои; а во наследството свое нека се викаат според имињата на браќата нивни.