Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 45:8-15

Создавање 45:8-15 MK2006

И така, не ме пративте вие ваму, ту­ку Бог, Кој ме постави како татко на фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата египетска земја. Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‚Вака вели синот твој Јосиф – Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди кај мене, не одлагај. Ќе живееш во земјата Гесем, ќе бидеш близу до мене, ти и синовите твои, и внуците твои, и ситниот и крупниот твој добиток, и сѐ што е твое. А јас ќе се грижам ваму за пре­храната твоја, зашто глад ќе има уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и сѐ, што е твое.‘ И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа дека мојата уста ова ви го зборува. Раскажете му на таткото мој за сета моја слава во Египет и за сѐ што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој.“ Потоа го прегрна братот свој Вени­јамин и плачеше во прегратката негова. А и Венијамин плачеше за братот свој. И ги бакнуваше сите браќа свои и, прегрнувајќи ги, плачеше. Потоа него­вите браќа разговараа со него.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност