И им рече Јосиф на браќата свои: „Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?“ Но браќата не можеа да му одговорат, бидејќи се уплашија пред него. Но Јосиф им рече на браќата свои: „Дојдете поблизу до мене!“ И тие пристапија; а тој им рече: „Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, бидејќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш. Зашто има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва. Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување. И така, не ме пративте вие ваму, туку Бог, Кој ме постави како татко на фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата египетска земја.
Прочитај Создавање 45
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 45:3-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа