Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 45:3-8

Создавање 45:3-8 MK2006

И им рече Јосиф на браќата свои: „Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?“ Но браќата не можеа да му одго­ворат, бидејќи се уплашија пред него. Но Јосиф им рече на браќата свои: „Дојдете поблизу до мене!“ И тие пристапија; а тој им рече: „Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, би­дејќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш. Зашто има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва. Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување. И така, не ме пративте вие ваму, ту­ку Бог, Кој ме постави како татко на фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата египетска земја.