Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 41:37-45

Создавање 41:37-45 MK2006

Ова му се допадна на фараонот и на сите слуги негови. Па им рече фараонот на слугите свои: „Зар можеме да најдеме човек, како што е овој, во кого има Божји дух?“ И му рече фараонот на Јосиф: „Бидејќи Бог тебе ти го откри сево ова, значи дека нема човек толку мудар и разумен како што си ти. Ти ќе бидеш над домот мој, и целиот народ мој ќе го слуша твојот збор; само со престолот ќе бидам поголем од тебе.“ И уште му рече фараонот на Јосиф: „Еве, те поставувам денес тебе над целата египетска земја.“ И го извади фараонот прстенот од раката своја и му го стави на Јосиф на рака, и го облече во облека од најфина ткаенина, и му стави златна веришка околу вратот. И заповеда да го возат во неговата втора кола, а гласник пред него да извикува: „Аврех!“ И го постави над целата земја египетска. И фараонот му рече на Јосиф: „Јас сум фараон, но без тебе никој нема да крене рака, ни нога во целата земја египетска.“ И го нарече фараонот Јосиф Цафенат-Панеах; и го ожени со Асената, ќерката на Потифера, свештеник од Он.