Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 40

40
1Потоа се случи, винарот на царот египетски и пекарот да му згрешат на господарот свој, царот египетски. 2#Изреки 16,14; 19,12И фараонот се разгневи над тие двај­ца дворјани, на главниот винар и на главниот пекар, 3па ги стави под стража во куќата на заповедникот на стражата, во затворот, во местото каде што беше затворен Јосиф. 4#41,11-13А заповедникот на стражата му ги предаде на Јосиф, тој да се грижи за нив. И тие останаа таму некое време.
Јосиф им ги толкува соништата на двајца затвореници
5И обајцата сонија сон во иста ноќ, секој со особено значење, и винарот и пекарот на царот египетски, кои беа затворени во темницата. 6А утредента, кога дојде Јосиф кај нив, ги виде. 7Па ги запраша дворјаните фарао­нови, кои беа под стража заедно со него во куќата на господарот негов, и рече: „Што ви се денес лицата толку нажалени?“ 8#41,15-16; Дан 2,11.28А тие му одговорија: „Обајцата со­нивме сон, а нема кој да ни го протолкува.“ Јосиф им рече: „Зар толкувањето не е преку Бога? Раскажете ми ги!“ 9И главниот винар му го раскажа сонот свој на Јосиф, велејќи: „Јас сонував една лоза пред мене; 10на лозата имаше три прачки; и таа запупи и расцути, врза грозје, кое узреа; 11а во раката ми беше чашата фара­онова; зедов еден грозд, го истискав во фараоновата чаша и му ја дадов чашата на фараонот в рака.“ 12Јосиф му рече: „Еве го значењето: трите прачки се три дена. 13По три дена фараонот ќе те поми­лува и пак ќе те постави на по­ра­неш­ната служба; и одново ќе му ја подаваш чашата во раката негова како и порано, кога му беше винар. 14Но, кога ќе ти биде добро, сети се на мене и направи ми добро; спомни му на фараонот за мене и изведи ме од оваа тврдина; 15#37,28; 39,20зашто ме украдоа од земјата евреј­ска; а и овде ништо лошо не сум напра­вил, за да бидам фрлен во затвор.“ 16А кога виде главниот пекар колку добро му го протолкува сонот, му рече на Јосиф: „И јас сонив: и тоа – на главата моја три кошници со пецива; 17во најгорната кошница имаше сѐ што јаде фараонот, што го прават пекарите; и птици колваа од кошницата над мојата глава.“ 18А Јосиф одговори и рече: „Еве го значењето: три кошници – тоа се три дена. 19По три дена фараонот ќе ти ја земе главата и ќе те обеси на дрво, а птиците ќе колваат од телото твое.“ 20#Мк 6,21И кога дојде третиот ден, а тоа бе­ше денот во кој се родил фараонот, тој им приреди гозба на своите слуги, па се сети на главниот винар и на главниот пекар помеѓу слугите свои. 21И го врати главниот винар на пора­нешната служба, за да му ја подава ча­шата на фараонот, 22додека главниот пекар го обеси, како што беше рекол Јосиф. 23#Зах 10,6; Проп; 9,15-18Но главниот винар не си спомна за Јосиф, туку го заборави.

Селектирано:

Создавање 40: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност