Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 4:1-16

Создавање 4:1-16 MK2006

Потоа Адам легна со жената своја Ева, која зачна и го роди Каин, и рече: „Придобив човек од Господ!“ Го роди уште и братот негов Авел. И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец. По некое време Каин Му принесе на Господ дар од земните плодови; а и Авел исто така принесе од пр­вината на стадото свое и од нивната маст. И Господ погледна благонаклоно на Авел и на неговите дарови; а на Каин и на неговите дарови не погледна благонаклоно. Затоа Каин многу се разлути, и лицето му се намршти. Тогаш Господ му рече на Каин: „Зошто се лутиш? Зошто се помрачи лицето твое? Зарем, кога правиш добро, не си ведар во лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата; тој те влече кон себе, но ти надвладај го!“ И му рече Каин на својот брат Авел: „Да појдеме в поле!“ А кога беа во полето, Каин скокна на својот брат Авел, и го уби. Тогаш Господ му рече на Каин: „Каде е братот твој, Авел?“ А тој одговори: „Не знам; зарем јас сум чувар на брат ми?“ А Господ рече: „Што направи? Чуј! Крвта на братот твој вика од земјата кон Мене. Затоа да си проклет на земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја. Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема повеќе да ти дава изобилен род; ти ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата!“ А Каин му рече на Господ: „Каз­ната моја е толку голема, што не може да се носи. Ете, денес ме истеруваш од плодната земја, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам прогонет и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, може да ме убие.“ А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!“ И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне. И си отиде Каин од пред лицето на Господ, и се насели како прогонет во земјата Нод, источно од Едем.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност