А Израел го сакаше Јосиф повеќе од сите свои синови, зашто му се роди на стари години; и му направи шарена облека. А браќата, гледајќи дека таткото нивни го сака многу повеќе од сите свои синови, го замразија, така што не можеа со него да зборуваат љубезно. Притоа Јосиф сони сон и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе. И им рече: „Чујте го сонот што го сонив: врзуваме снопје во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на мојот сноп.“ Тогаш браќата му рекоа: „Зарем ти ќе царуваш над нас? Зарем ти ќе владееш над нас?“ Затоа уште повеќе го замразија, поради неговите соништа и поради неговите зборови. Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа и на браќата свои, велејќи: „Сонив уште еден сон, а тоа – сонцето и месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа.“
Прочитај Создавање 37
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 37:3-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа