И кога Јосиф дојде кај своите браќа, тие му ја соблекоа шарената облека, што ја имаше на себе. И го фатија, па го фрлија во една јама; а јамата беше празна; немаше вода во неа. Потоа седнаа да јадат леб. И кревајќи ги очите, видоа Јишмаелци како доаѓаат од Галаад со камилите свои, натоварени со миризливи смоли, балсам и темјан; го пренесуваа тоа во Египет. Јуда им рече на своите браќа: „Каква полза ќе имаме, ако го убиеме братот наш и ја сокриеме крвта негова? Ајде да им го продадеме на овие Јишмаелци, па да не клаваме рака на него, зашто брат ни е, наша крв е.“ И го послушаа браќата негови. Па кога мидјанските трговци минуваа покрај нив, тие го извадија Јосиф од јамата и им го продадоа на Јишмаелците за дваесет парчиња сребро; а овие го одведоа Јосиф во Египет.
Прочитај Создавање 37
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 37:23-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа