Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 33:1-17

Создавање 33:1-17 MK2006

И погледа Јаков со своите очи, па виде, ете Исав, доаѓа, и со него четиристотини луѓе. И ги раздели децата на Лија и на Рахила и на двете слугинки. И ги постави слугинките со нивните деца напред, а Лија и нејзините деца зад нив; додека Рахила со Јосиф беа последни. А самиот тој излезе прв пред нив и седумпати се поклони доземи, додека не дојде до братот свој. Исав истрча пред него и го прегрна, па му се обеси околу вратот и го бакна, и заплакаа. Исав, пак, кревајќи ги очите, ги виде жените и децата, па рече: „Кои ти се овие?“ А Јаков одговори: „Деца, со кои Бог го дарува слугата твој.“ Тогаш пристапија слугинките со децата свои, и се поклонија. Потоа пристапија Лија и децата нејзини, и се поклонија; а најпосле пристапија Јосиф и Рахила, и се поклонија. А Исав рече: „Зошто ти се сите оние луѓе, што ги сретнав?“ Јаков одговори: „За да најдам милост пред очите на господарот мој.“ Исав, пак, рече: „Има, брате, кај мене доста; нека ти остане тебе она што е твое.“ Но Јаков рече: „Ако најдов милост пред очите твои, прими го дарот од мојата рака, зашто кога го видов лицето твое дека убаво ме пречекува, како да го бев видел Божјото лице. Прими го дарот мој, што го до­несов; бидејќи изобилно ме обдари Бог, и имам сѐ.“ И настојуваше на него и тој го прими. Потоа Исав рече: „Ајде да одиме, ќе појдам и јас со тебе.“ Но Јаков му рече: „Знае господарот мој дека овие деца се мали, а имам овци и крави доилки, па, ако ги подгонам само еден ден побрзо, ќе ми изгине сиот добиток. Туку нека тргне господарот мој пред слугата негов, а јас ќе одам полека, колку што можат децата и добитокот пред мене, и ќе дојдам кај господарот мој во Сеир.“ Исав рече: „Ќе ти оставам неколку луѓе, што се со мене.“ Јаков одговори: „Зошто? Доволно е само да најдам милост пред господарот мој.“ И така Исав го продолжи истиот ден својот пат кон Сеир. А Јаков отиде во Сукот и си направи дом, а за добитокот свој направи трла. Затоа тоа место го нарече Сукот.