Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 28:10-17

Создавање 28:10-17 MK2006

Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан, па најде едно место, и таму пре­ноќева, бидејќи сонцето беше зашло. И зеде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место. И виде сон: ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа. А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече: „Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраам и Бог Исаков. Оваа земја, на која лежиш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое; а потомството твое ќе биде колку песокот на земјата; ти ќе се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ќе бидат благословени поради тебе и поради потомството твое. И еве, Јас сум со тебе, и ќе те чувам насекаде каде и да појдеш, и ќе те вратам во оваа земја, и нема да те оставам сѐ додека не го извршам она што сум ти рекол.“ А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече: „Сигурно е Господ на ова место; а јас не знаев!“ Се уплаши и рече: „Колку е страшно ова место! Ова е дом Божји, ова е вратата небеска!“