Еднаш Јаков зготви јадење, и Исав дојде од полето уморен. И му рече Исав на Јаков: „Дај ми да јадам од црвеното вариво, зашто сум уморен.“ Затоа му го дадоа прекарот Едом. Но Јаков му рече: „Продај ми го денес првородството твое!“ А Исав одговори: „Еве, јас умирам, па што ќе ми е тоа првородство?“ Но Јаков му рече: „Заколни ми се уште сега!“ И тој му се заколна. И му го продаде своето првородство на Јаков.
Прочитај Создавање 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 25:29-33
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа