А ова е родословието на Исак, синот Авраамов: Авраам го роди Исака. А Исак имаше четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерката на Арамеецот Ветуил од Месопотамија, сестра на Арамеецот Лаван. И Исак Му се помоли на Господ за жената своја, бидејќи таа беше неплодна; и Господ го чу, па Ревека, жената негова, зачна. Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: „Ако биде така, зошто ми е ова?“ И отиде да Го праша Господа. А Господ ѝ рече: „Две племиња има во утробата твоја, и два народа ќе излезат од тебе; едниот народ ќе биде посилен од другиот и поголемиот ќе му служи на помалиот.“ И дојде времето да роди, а ете – близнаци во утробата нејзина. Излезе синот првенец црвен, целиот рунтав како руно; и му дадоа име Исав. А потоа излезе брат му, држејќи го Исав со рака за петата; нему му ставија име Јаков. А Исак имаше шеесет години, кога тие се родија. И децата пораснаа: Исав стана вешт ловец и човек на полето, а Јаков човек кроток кој живееше во шатори. Исак го сакаше Исав, зашто му се допаѓаше дивечот негов; а Ревека го сакаше Јаков.
Прочитај Создавање 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 25:19-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа