Утредента рано стана Авимелех, и ги повика сите слуги свои, и им го кажа сето тоа да го чујат. И тие многу се уплашија. Тогаш Авимелех го повика Авраам и му рече: „Што направи ти со нас? Што ти згрешив, па сакаше да навлечеш на мене и на царството мое голем грев? Ми го направи она, што никој не го прави.“ И уште му рече Авимелех на Авраам: „Што имаше на ум, кога го направи тоа?“ А Авраам одговори: „Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ќе ме убијат поради жената моја.
Прочитај Создавање 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 20:8-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа