И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа. И Господ Бог насади рајска градина на исток; и таму го насели човекот што го создаде. И Господ Бог направи да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото.
Прочитај Создавање 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 2:7-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа