Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 18:9-15

Создавање 18:9-15 MK2006

Тогаш Тие го прашаа: „Каде е Сара, жената твоја?“ А тој одговори: „Ене ја во шаторот.“ Еден, пак, од нив му рече: „Догодина во ова време, Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара, жената твоја ќе има син.“ А Сара слушаше на вратата од шаторот, зад него. Авраам и Сара беа стари – во поодминати години, и кај Сара беше престанало редовното кај жените. Затоа Сара се насмеа во себе, ве­лејќи: „Сега ли, кога сум остарена, ќе ја имам оваа утеха? А и господарот ми е стар.“ Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара, велејќи – Вистина ли е дека ќе родам, кога сум остарена? Има ли нешто неможно за Господ? Во определеното време Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син.“ Но Сара не призна и рече: „Не се насмеав“, бидејќи се беше уплашила. А Тој рече: „Не, ти се насмеа!“