Тогаш Авраам се приближи и рече: „Зарем ќе го уништиш и праведниот со неправедниот? Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе го погубиш и нема да му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него? Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не може да биде тоа од Тебе; зарем Судијата на целата земја нема да суди право?“ И Господ рече: „Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го поштедам градот и целото место заради нив.“ А Авраам одговори и рече: „Еве, се осмелив да Му проговорам на Господ, иако сум земја и пепел.
Прочитај Создавање 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 18:23-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа